Најоригиналната новогодишна честитка е испратена од небото: Пилотот ја нацрта најголемата елка досега

popara15 декември, 20171min00
10

Во текот на летот, тој направил повеќе кругови и аголни кривини за да исцрта обрач на елка со висечки украси.

Пилотот на авионот Erbas A380 за време на пробниот лет нацртал виртуелна елка над Германија.

Портпаролот на “ Ербас”, Хајко Штолцке, изјавил денеска за агенцијата дека летот од речиси пет часа поминат во текот на денот е “Стандарден интерен пробен  лет на Ербас пред испорака на нов авион”.

Тој изјавил дека идејата летот да биде изведен во облик на елка ја имале пилотот и инженерите на авионот и дека е изведен во соработка со контролата на летот. Авионот полетал и слетал од погонот на Ербас во Хамбур.