Можеби звучи научно фантастично меѓутоа научниците од Технолошкиот факултет во Ајндховен тврдат дека имаат развиено „паметен“ слој кој на сопствениците на автомобили би им го олеснил животот.
Катарина Естевес и нејзиниот научен тим од хемискиот оддел на факултетот користејќи ја нано технологијата создале посебни хемиски групи кои во пракса ќе може да ги „лекуваат“ помалите геребнатини на авотмобилите.
Поради наведените ефекти и најмал дожд ќе биде доволно за да се измие автомобилот. Пералните би станале минато, а доволно ќе биде да се паркира автомобилот на отворено пред да почне да врне.
Оваа технологија не е применлива само во автомобилската индустрија, туку и во воздушната.
Звучи премногу добро за да биде вистинито, останува да ја чекаме комерцијализацијата на овој производ.