Кои се правилата за креирање совршена лозинка

popara12 јануари, 20181min00
thinkstockphotos-528286738

Сигурноста е најважна на интернет, затоа сите сме опседнати со креирање на совршената лозинка. Бил Бур, поранешниот управител на Националниот институт за стандарди и технологии, во 2003 година напишал упатство од осум страници како да креирате сигурна лозинка. Брзо тоа станало „библија“ за сигурност на интернет.

Бур ја сведол лозинката на користење големи букви, броеви и симболи. Дополнително, посоветувал лозинката да се менува на три месеци.

Но, 14 години подоцна, признава дека не бил во право.

„Жалам за многу работи кои ги направив“, рекол тој и додал дека неговото истражување за лозинките се темелело врз докази од осумдесетите години.

Исто така и правилото за често менување е грешно. Денеска, се советува што поретко да ја менувате лозинката, бидејќи секоја нова лозинка е варијација на веќе постоечка. Со менување на лозинките, голема е шансата да ја запишете некаде, со што се доведувате во ситуација да дојде лозинката во криви раце.

Нивната препорака е да смислите долга фраза, наместо да измислувате зборови со букви и броеви. Важно е да е нешто што лесно го паметите. Тие велат дека фраза од четири едноставнио, неповрзани зборови „točnokonjbaterijaspajalica“, е одличен пример, бидејќи за да се погоди лозинката на компјутерот би му требало 550 години, а додека за стариот принцип лозинки, би му требало 3 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag