Како би изгледал светот без луѓе?

popara24 јануари, 20181min00
3

Дански истражувачи направиле интересен приказ на светот без луѓе.

На приложената мапа може да го видите моменталното присуство на големите цицачи на светот, а очигледно е дека најголем број видови постојат само во Африка.

Меѓутоа, на истата мапа, но моделирана врз основа на тоа дека луѓето никогаш не постоеле на планетата, светот изгледа сосема поинаку.

Истражувачите кои стојат позади оваа нова студија, веруваат дека без луѓе најголемиот дел на денешна Северна Европа би го населувале мечки, слонови и носорози, кои некогаш Хомо сапиенсот во овие краеви ги ловел до истребување.

Професорот Јенс Кристијан Свенинг од Универзитетот Архус, вели дека луѓето никогаш не престанале со тоа.

„Северна Европа не е единственото место на кој човекот ги истребил големите цицачи. Тоа е феномен кој се заблежува ширум светот. На поголемиот број места големите цицачи се далеку помалку во однос на бројот кој би постоел во природна состојба, доколку човекот не би се вмешал“, вели Свенинг.

Водачот на студијата Зорен Форби додава дека денешните сафари, кои се организираат исклучиво во Африка, некогаш можеле да се организраат и на други места, ако луѓето во минатото би постапувале поинаку.

„Многу постоечки цицачи, но и бројни други големи животни, без сомневање би постоеле и во некои делови на Новиот свет, како Тексас и региони на северот од Аргентина. Денеска поголемиот број сафари се организраат во Африка, не затоа што тој континент е природно населен со голем број цицачи, туку затоа што тоа е единственото место на кое човекот не ги збришал од лицето на земјата повечето големи животни“, вели тој.

Истражувачите кои своите откритија ги ибјавиле во списанието „Diversity and Distributions“, се надеваат дека студијата ќе биде од корист во обидите да се зачува она што преостанало од природата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag