Иако класичното форматирање ги брише сите податоци и ослободува место на хард дискот, трагите од тие податоци сепак остануваат. Ова на хакерите и професионалците им овозможува со помош на посебни софтеври многу лесно да ги повратат избришаните информации и да видат што сте чувале во компјутерот.
Меѓутоа, доколку сакате да ги избришете податоците, односно заскогаш да исчезнат и никој да не може да ги поврати, ќе мора тоа да го направите на посебен начин.
Пред се, потребно е да направите бекап на податоците кои сакате да ги зачувате, бидејќи кога еднаш ќе започнете со оваа процедура, тие ќе бидат трајно избришани. Најдобро е фајловите да ги чувате на екстерниот хард диск или флеш меморијата.
За трајно бришење на информациите од хард дискот потребно е да користите специјална програма, а најпопуларна е DBAN која можете да ја преземете овде.
Следниот чекор е од преземената програма да направите таканаречен бутабилен фајл, кој потоа можете да го префрлите на це-де или флеш меморија. Креирањето на бутабилен фајл е прилично едноставно. Најдобро е да ја користите програмата Rufus (која може да ја преземете овде), а која е многу лесна за користење.
Доколку не знаете како се креира бутабилен фајл, погледнете го видеото:
Откако сте подготвиле це-де или флеш со потребниот фајл, неопходно е да го рестартирате компјутерот и да ја бутирате програмата од уредот на кој сте ја вметнале.
После тоа, бришењето на податоците е прилично едноставно и потребно е само да ги следите упатствата.
Упатството чекор по чекор, како трајно да ги избришете податоците од вашиот хард диск, можете да ги погледнете и во видеото.