Најнов хит се смартфоните со две предни и две задни камери, но следниот модел на Nokia наводно ќе има вкупно шест.
Според гласините од Кина, овој телефон ќе има врвна камера за селфи од напред, а на задната страна ќе бидат распоредени пет камери, објави порталот Android Headlines.
Новиот уред можно е да на изглед да потсетува на моделот Lumia 1020, Windows телефонот што Nokia го претстави во 2013 година.
Наводно, новиот смартфон нема да има врска со новите модели Nokiа 8 и 9 што HMD Global треба да ги претстави годинава.
Исто така, овој уред нема да има премиера на саемот што ќе се одржи во Барселона кон крајот на февруари, туку дури подоцна во текот на годината, на саемот IFA во Берлин.