Кристина Реи (22) од седумнаесетгодишна возраст се навлекла на естетски корекции. Таа тврди дека сака да има најголеми усни на светот и за таа цел досега вбризгала 100 инјекции.
Списанието „Билд“ пишува дека Кристина потрошила 36.000 евра за корекции на своето тело.
Таа тоа го прави, затоа што во тинејџерските години најголем „недостаток“ и’ биле усните и градите.
Единствена конкуренција во оваа болна амбиција и’ e американската хостеса и манекенка Аманда Лепоре.
Естетските операции се со цел – подигнување на самодовербата кај поединци, но ваквите „злоупотреби“ и комплекси за уникатна силиконска убавица дефинитивно не се ништо друго освен смешни карикатури.