На 1 јануари, 2018 година Дубаи ја претстави својата нова туристичка атракција. Станува збор за џиновскиот портал што потсетува на голема позлатена рамка за слика.
Рамката се состои од две стаклени кули високи по 150 метри, а на врвовите има мост широк 93 метри со стаклено дно, идеално за селфи фотографија со фантастичниот Дубаи.
Посетителите може да уживаат во панорамскиот поглед на градот, а интерактивната изложба поставена внатре им овозможува да ги откријат историјата и иднината на овој импресивен град.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8p6r-KN7xeM