Сите знаеме што е потребно за добар сон: удобен кревет, умерена температура во собата, лесна книга пред спиење, и секако – мир и тишина. Но, исто така знаеме дека во многу фамилии постои барем еден член надалеку познат по ‘рчењето. Никој не сака со него да ја подели постелата, понекогаш дури ни да спие во соседната соба.
Освен тоа што тоа го фрла вашиот партнер во очај, хроничното ‘рчење може да биде и знак на озбилна состојба, опструкција на апнејата, која освен поспаност во текот на денот може да предизвика главоболка, пореметување на концентрацијата, но и повишен крвен притисок и кардиоваскуларни болести.
Од ‘рчењето патат особи со прекумерна тежина, пушачи, оние кои конзумираат поголеми количини на алкохол или седативи, потоа оние кои отежнато дишат низ носот или имаат хормонално пореметување.
До неодамна тој проблем кај нас се решаваше со оперативен зафат, но сега помошта можете да ја побарате и кај стоматологот. Едноставната направа за спречување на ‘чењето се вика Silensor. Silensor е составен од две прозирни фолии кои ги прекриваат забите на горната и долната вилица, во сонот долната вилица благо ја поместуваат напред и со тоа го спречуваат стеснувањето на дишните патишта. Проблемот успешно се решава во повеќе од 80% од случаевите. Постапката е безболна а единствен услов е забите да се санирани.