Целиот град, кој е дом на илијадници луѓе, лежи сокриен во австралиска пустина под тони песок.
Неговото име е Coober Pedy и е едно од најинтересните места на светот.
Coober Pedy се наоѓа на југот на Австралија. Основан е 1915 година, кога таму биле откриени рудници на опал. Но, бидејќи тука било многу жешко, луѓето почнале да живеат под земја.
Луѓе од целиот свет тогаш почнале да се доселуваат во потрага по опал.
Додека биле во рудниците под земја им било удобно, но кога би излегле надвор, едвај ги издржувале големите жештини. Затоа одлучиле старите рудници да ги претворат во свои домови.
Денес во Coober Pedy живеат повеќе од четири илјади луѓе, а има и неколку подземни хотели, продавници, музеј и цркви. Куќите се модерни како и оние над земја. Coober Pedy поради тоа станал и туристичка атракција.
https://www.youtube.com/watch?v=ktMQoMoQsWo