Сосема е нормално да се чувствува голема желба да се биде мајка, но сите ја немаат таа среќа желбата лесно да им се оствари.
Кајла Џонс, 29 годишна жена од Аркансас очајно сакала дете со својот сопруг Коди. Нажалост тоа не им успевало бидејќи Кајла имала тумот и била на демна хистерктомина на возраст од 17 години. “Докторите успеале да ги спасат јајниците, но морале да ја отстанат матката” кажува Кајла на едно интервју.
И било јасно дека нема да може да има деца на природен начин. Ако сакала да има свое биолошко дете требало тоа да го носи некој друг. Па тие започнале да бараат сурогат мајка, но немале успех. Тогаш мајката на Коди, 49 годишната Пати Ресекер се понудаила да биде сурогат мајка. Без оглед на нејзината последна бременост која била пред 20 години, таа сакала да го направи тоа за синот и за снаата и да го оствари нивниот сон да станат родители.
“Веќе 10 години знам дека единствена шанса за да станам мајка ми е да имам дете од сурогат мајка. Мило ми е што тоа е некој на кој можам да му верувам” кажала Кајла. “Драго ми е што тоа е мајката на мојот сопруг, бидејќи таа всушност го носи својот внук или внука” додава.
Бременоста на Пети, со оглед на нејзините години е ризично, но се поминало добро. Таа се породила и на свет го донела малиот Крос Ален Џонс.