Какви тренинзи нема да ви помогнат во слабеењето?

popara14 март, 20181min00
7

Ако допрва ја почнувате борбата со килограмите и сакате да ги отстраните насобраните масни наслаги, внимавајте кој тип на тренинг ќе го изберете за да ја постигнете саканата цел.

Тренерот на славни личности Харли Пастернак вели дека најважно е да работите според програма што е конкретно подготвена за вашите потреби, но и да немате услови за работа со личен тренер или по специјална програма, тој советува дека со јога и пилатес сигурно нема да ги стопите масните наслаги.

Пастернак вели дека го нервира тоа што се популаризираат овие два вида на вежбање за секаква намена, вклучувајќи го и слабеењето.

„Секако дека овие тренинзи имаат своја предност, како дефинирање, зголемување на силата, подобрување на тонусот и флексибилноста, но ништо од тоа нема да биде доволно за слабеење“, вели тој.

Пастернак препорачува активно одење, трчање, малку кардио и лесни вежби со тегови и според него, резултатите нема да изостанат.

Тој нагласува дека не треба целосно да се откажете од јога и пилатес, но тие да бидат дел од неделната програма во комбинација со поинтензивни тренинзи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag