Mercedes почна да прима порачки за новата А класа во Германија, каде основната верзија А200 чини околу 30 илјади евра.
Четвртата генерација на Mercedes A класа претставена е кон почетокот на февруари на свеченоста во Амстердам, а еден месец подоцна објавен е и ценовникот за одредени европски пазари.
Така, новата А класа во Германија ќе се продава по цена од 30.231 еврo, колку што треба да се плати за основниот модел А200 со 1.3 турбо бензинец мотор со моќност од 163 КС и 250Nm при 1.620/вртежи/мин.
Моторот е поврзан со мануелен менувач со 6 брзини, иако како опција е достапен и седумстепен автоматизиран менувач со двојна кочница.
Во основниот пакет на опрема влегуваат, меѓу другото, 16 инчни челични фелни, халогени фарови, дигитална инструмент табла , 7 инчен екран на мултимедијалниот систем, автоматски клима уред, сензори за дожд, отклучување без контакт и мултифункционален спортски волан.
Потрошувачите кои сакаат посилна бензинска варијанта, за 36.461 евра ќе можат да го купат моделот А250 со 2.0 турбо бензинец со 224 КС (165 kW) и 350 Nm при 1.800 вртежи/мин.
Во понудата е и дизел А180d, со почетна цена од 31.398 евра, опремен со четирицилиндарски 1.5 турбо дизел агрегат со 116 КС (85 kW) и максимален вртежен момент од 260 Nm.
Првите испораки на новата А класа на европските потрошувачи се очекува да започнат кон крајот на мај.