Доколку вашиот телефон не ги регистрира сите околни Wi-Fi мрежи, веројатно се работи за хардверски проблем за кој е подобро да знаете што порано.
Некои Wi-Fi мрежи, односно уредите кои ги емитуваат, емитуваат сигнал на 2,4 GHz, додека некои други тоа го прават на 5 GHz. Има и онакви кои емитуваат мрежа на 3,6 GHz, но тие се многу поретки.
Ако вашиот мобилен телефон или било кој друг уред не ја регистрира вашата домашна, јавна или некоја друга мрежа која останатите уреди од околината ја регистрираат нормално, тогаш веројатно имате ограничено употреблив Wi-Fi хардвер во вашиот уред.
Wi-Fi стандардот се обележува најчесто со 802.11а, 802.11b, 802.11g, 802.11n и 802.11ac. Овие ознаки најчесто можете да ги сретнете во спецификациите на телефоните, односно во нивните Wi-Fi мрежи. Доколку некој телефон ги поддржува сите овие стандарди, тогаш тоа значи дека тој поддржува и Dual Band Wi-Fi. Доколку го поддржува само 802.11b/g стандардот, тогаш уредот може да се поврзе само на мрежи што емитуваат Wi-Fi со 2,4 GHz.
Ако е поддржан 802.11a/ac стандардот, тогаш има поддршка за Wi-Fi со 5 GHz. Моделите со 802.11а/ас стандардот можат да се поврзат и на Wi-Fi со 2,4 GHz, но обратниот случај не е можен. Поддршка за Wi-Fi b/g се наоѓа во постарите уреди или кога производителот пробува максимално да ја намали цената на уредот па решава да користи постари хардверски решенија.
Проверете ги спецификациите на вашиот рутер и поставете ја мрежата на сигнал кој вам ќе ви одговара, онаков каков што вашите уреди поддржуваат. Нагодувањата на рутерот ќе ви овозможат да изберете каква мрежа сакате тој да емитува. За да го направите тоа, прочитајте го упатството и водете се по него.
Разликата помеѓу мрежата од 5 GHz и онаа од 2,4 GHz е во тоа што онаа од 5 GHz е технички побрза, но потешко се пробива низ ѕидови и физички пречки, па и нејзиниот домет е пократок. Онаа пак од 2,4 GHz е побавна, но е постабилна и најчесто има поголем домет.