“Адидас” влијае Реал да го купи Агуеро, наместо Нејмар

popara22 јуни, 20111min00
5815220238_2f4c8c344f

Производителот на спортска опрема “Адидас”, а воедно и спонзор на Реал Мадрид, може да одигра сериозн улога во еден од претстојните трансфери на “кралскиот клуб”, пишува шпанска “Марка”, пренесува “СпортНет”. Според медиумот, германскиот бренд влијаев врз управата на Реал да го ангажираат Серхио Кун Агуеро, наместо Нејмар. И двајцата фудбалери котираат високо на списокот желби кај “кралскиот клуб”.

Причината е едноставна. Агуеро е заштитно лице на “Адидас”, додека ѕвездата на Сантос има договор со “Најк”. Според германската фирма договор со Кун ќе донесе поголем приход за “кралскиот клуб”, отколку Нејмар.

“Марка” тврди, дека “Адидас” веќе изработил дрес на Реал со името на Агуеро и број 10. Во моментов дресот со број 10 е на грбот на Лас Дијара, кој најверојатно ќе си замине од “Бернабеу”.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag