Нов едногодишен договор со Динамо Киев потпиша 34-годишниот украински фудбалски репрезентативец, Андриј Шевченко. Потврда за договорот стигна и од преседателот на клубот Игор Суркис. Некогаш најдобриот светски напаѓач во во матичниот клуб ќе остане и идната сезона. Веќе одамна најави дека неговото официјално повлекување од фудбалот ќе го направи следната сезона по заврувањето на Европското првенство, на кое Украјна ќе биде ко-домаќин со Полска следното лето. Овој договор е само потврда на неговиот план.
Извор: Нетпрес