Сопственичката Анет Едвардс (62) од Ворчестер, вели дека треба да го стави на диета бидејќи дневно јаде по 12 моркови, односно повеќе од 4.000 годишно.
Покрај тоа јаде и многу зелки, јаболка и два полни сада со специјализирана храна за зајаци. Вкупната годишна цена на сето тоа е 3.000 евра.
Таа вели дека е неверојатно колку брзо растел Даријус откако се родил и никогаш не помислила дека за пет години ќе ја има титулата за најголем зајак во светот.
Џиновското зајче Даријус е тешко 23 килограми, а долго е 1,25 метри и е најголем зајак во светот, според Гинисовата книга на рекорди.