Четири лица настрадале во пожар од кој кон небото се издигнал црн чад кој го гуши населението. Едно лице е пријавено за исчезнато.
Индонезискиот приморски град Баликпапан и водите во негова близина, според зборовите на локалните власти, мирисаат како на бензинска станица, по појавувањето на нафтена дамка и пожарот во кој настрадале четири лица. На населението му се препорачува да не пали цигари ни друг тип на оган.
Се наведува дека градскиот секретар на Баликпапан, Сајид Фадли, изјавил дека во овој град на островот Борнео веќе три дена трае вонредна состојба, откако за време на викендот дошло до излевање на нафта во заливот кај пристаништето Семајанг Порт.
– Во градот има вонредна ситуација поради нафтената дамка и заливот е сега како бензинска станица. Ги предупредивме работниците и жителите околу заливот да се воздржат од палење на цигари, и дека безбедноста треба да им биде приоритет – рекол Фадли.