Трудница во деветтиот месец од бременоста танцува танц на шипка

popara11 април, 20181min00
9

Алисон Сајпс е фитнес инструкторка од Орландо, Флорида која 13 години се занимава со танц на шипка, а во тоа не ја спречува ниту  тоа што е бремена.

Алисон на своите следбеници на Инстаграм одлучила да им покаже како изгледа танцот на шипка во третото тромесечие од бременоста.

Сајпс претходно била гимнастичарка и професионално тренирала танц. На социјалните мрежи, редовно го покажува својот импресивен талент, а бременоста воопшто не ѝ го успори темпото на работа.

– Многу сум среќна, бидејќи можам да продолжам да танцувам на шипка и додека сум бремена. Имам поддршка од свojот гинеколог и колегите танчери – вели Сајпс.

Последното видео кое го објавила било во периодот од 37 – та седмица од бременоста, односно деветтиот месец, а жените се воодушевени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag