Сакате да бидете среќни, исполнети, задоволни од својот живот? Постои изрека дека никогаш не се знае што ни носи утрешниот ден – затоа…
…научете да уживате и да го цените секој момент кој нема никогаш да се врати назад.
Ова се неколку кратки “упатства“ за подобар живот:
1. Секој ден шетајте 10 до 30 минути.
2. Седете во тишина најмалку 10 минути.
3. Спијте 7 часа.
4. Живејте со полна енергија.
5. Прочитајте повеќе книги од минатата година.
6. Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како питач.
7. Повеќе сонувајте будни.
8. Обидете се секој ден да насмеете барем тројца.
9. Не ја трошете енергијата на трачарење.
10. Не размислувајте негативно и за работи кои не можете да ги контролирате. Наместо тоа вложете ја енергијата во позитивните моменти и сегашноста.
11. Поминете повеќе време со луѓето постари од 70 и помлади од 6 години.
12. Животот е прекраток за да го поминете мразејќи некого.
13. Заборавете на минатото. Не го потсетувајте партнерот на неговите/нејзините грешки во минатото. Тоа ќе ве направи среќни во сегашноста.
14. Сфатете дека животот е училиште и сите сме тука да учиме. Проблемите се едноставно дел од тоа учење кои се појавуваат и исчезнуваат исто како учењето алгебра. Но, лекциите кои ќе ги научите ќе траат цел живот.
15. Не се споредувајте со другите. Не знаете каков е нивниот животен пат! Не го споредувајте својот партнер со друг.
16. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболите. Вашите пријатели и најблиски ќе го прават тоа. Бидете во контакт со нив.
17. Што другите мислат за вас – не е ваша грижа.
18. Заборавете на се’ што не е корисно, убаво или забавно.
19. Без оглед на тоа како се чувствувате – станете, облечете се и излезете.
20. Најдоброто допрва доаѓа!