Овошјето и зеленчукот ќе Ви помогнат да ги оставите цигарите!

popara15 јули, 20201min00
3

Ако сакате да ги оставите цигарите, овошјето и зеленчукот ќе Ви помогнат…

Истражување на Универзитетот во Бафало ја најде врската помеѓу исхраната богата со намирници и откажувањето од пушењето цигари…

Истражувањето вклучува 1000 пушачи, со возраст над 25 години. Тие одговарале на прашањата за нивните пушачки навики и исхраната. Од нив, било побарано да внесуваат повеќе овошје и зеленчук, а бројот на цигари не бил ограничен.

После 14 месеци, истражувачите повторно разговарале со испитаниците и откриле дека оние кои внесуваат поголеми количини на овошје и зеленчук, пушеле помалку, додека некои и целосно се откажале од оваа навика.

Научниците сеуште се обидуваат да го откријат причинителот на овие резултати и сооштуваат дека се потребни дополнителни испитувања, но претпоставуваат дека причината лежи во фактот што после внесувањето овошје и зеленчук, димот го нема истиот вкус во устата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma