Range Rover 6×6!

popara8 мај, 20181min00
6 copy

Range Rover 6×6, секако, со погон на сите шест тркала, изработен од компанијата T. Fotiadis Design е вистинско ремек дело.

Станува збор за компанија која што е позната по производството на јахти, па затоа овој Range Rover е наменет за сите сопственици на јахтите на компанијата, кои кога ќе застанат на брегот, сакаат да имаат „нешто“ за разгледување.

Range Rover 6×6, односно како што е наречен – SLD (Superyacht Land Tender) беше претставен на Monaco Yacht Showu, а производството на овој брутален SUV започнува во септември оваа година. Достапни ќе бидат сите мотори кои што Range Rover ги има на располагање, од дизел до хибрид, а цената засега не е позната.

„Дизајниран е да биде придружник на суперјахтите. Досега сопствениците на таквите јахти мораа да ги доведуваат своите автомобили, а SLT ќе биде изработен специјално за да биде придружба на суперјахтите и ќе се вклопува во тој свет“, соопштија од T. Fotaidis Design.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag