Абу Бајандар од Бангладеш, кој се најде на насловните страници на светските медиуми поради исклучително ретко генетско пореметување, опериран е 16 пати.
Лекарите, конечно, сметаат дека го излечиле.
Бајандар е наречен „човек-дрво“ поради големите израстоци на неговата кожа, предизвикани од наследно генетско пореметување Epidermodysplasia verruciformis.
Лекарите во медицинскиот центар во Дака почнале со третман и операции пред година дена, а досега отстраниле пет килограми израстоци од неговата кожа.
Доколку не почнат повторно да избиваат, Бајандар ќе биде првиот забележан случај кој се излекувал од ова заболување.