Најлоша авио-компанија: Со овој севернокорејски авион дефинитивно не сакате да летате

popara21 мај, 20181min00
10

“Air Koryo” е севернокорејска авио-компанија ја носит титулата за најлоша патничка компанија на светот.

Имено, нивните авиони летаат на неколку рути внатре во Северна Кореја, а кон странство имаат само четири одредишта. Три се во Кина – Шангај, Пекинг и Шенгјанг, додека четвртото е во Русија, на сибирскиот аеродром во Владивосток.

Сите патници пред полетувањето го добиваат последното издание од Pyongyang Times, неделник на француски и англиски наменет за странските посетители на Северна Кореја.

Безбедносните предупредувања се редовни на сите патувања, но како што раскажал еден патник, во 2014. година пуштале снимки на кои го фалеле големиот лидер Ким Јонг Ил, кој умрел три години претходно. Стјуардесите некогаш се облекувале во црвени униформи, за да се согласат со црвените делови од знамето на Северна Кореја. Денес тоа е малку променето, па имаат нешто помодерни униформи во сина боја.

На патниците им е забрането да снимаат што се случува во самиот авион. За време на самиот лет, на патниците им се пуштаат пропагандни снимки, наместо вообичаените филмови или серии.

– Стјуардесите попрво ја поправаат шминката отколку што им се посветуваат на патниците, но и јас повеќе сакав да гледам во нив отколку во очајната пропаганда која ја пуштија за време на летот – напишал еден разочаран патник.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag