Џеј Фили, поранешен американски фудбалер, а денес претприемач и спортски аналитичар, сподели фотографија на Твитер пред неговата ќерка да замине на матурската вечер, со зборовите дека на својата ќерка и на нејзиниот партнер им посакува добра забава под хаштаг “BadBoys” (лоши момци)
Меѓутоа фотографијата предизвикала бура од реакции меѓу корисниците на друштвените мрежи бидејќи таткото во раката држи пиштол.
Wishing my beautiful daughter and her date a great time at prom #BadBoys pic.twitter.com/T5JRZQYq9e
— Jay Feely (@jayfeely) April 22, 2018
Во Америка моментално се води дебата околу контролата на оружје поради бројни напади и пукања со смртоносни последици. Фили еден ден подоцна објавил извинување, тврдејќи тоа било шега и пиштолот не бил наполнет.
“Фотографијата од матурата која ја објавив требаше да биде шега. Мојата ќерка со своето момче се забавува подолго од една година и тие знаеа дека се шегувам” напишал таткото додавајќи дека е сериозен околу безбедноста кога е во прашање огненото оргужје и дека несакал да излезе нечувствителен на така важно прашање.