Вирџина е културен феномен за жени кои ги заменуваат машките потомци во семејството. Според овој обичај, во семејствата кои останале без машки потомци, едно женско дете по барање на родителите или пошироката заедница, ја презема улогата на маж, заветувајќи се на целибат.
Женските деца се облекуваат како мажи и извршуваат машки работи, но можат да се венчаат.
18-годишната Ситара Вафадар е вирџина од Авганистан која работи со својот татко во провинцијата Нангахар.
– Од раѓање носам машка облека и работам со мојот татко во фабрика за цигли. Приморана сум да произведувам цигли. Сакам да живеам како девојка, но немам никаков избор бидејќи морам да му помагам на мојот татко – наведува Ситара.
Таа живее според обичајот наречен “бача пош” што значи “облечена како момче”, кој ѝ дозволува да живее како маж и да не биде малтретирана како поголемиот дел од жените во руралните делови од земјата, каде многу од нив не смеат сами да излегуваат.