Маж од Мароко на рутински преглед дознал дека е стерилен. Веднаш ја тужел сопругата, побарал развод и најавил дека ќе се одрече од децата. Докторите утврдиле дека е стерилен поради циста.
Маж од Мароко неодамна поднел тужба против својата сопруга обвинувајќи ја за измама. После рутинскиот преглед тој дознал дека е неплоден скоро целиот свој живот, па сфатил дека неможе да биде татко на девет деца. На мажот кој работи како професор, на прегледот кај уроологот му се превртел животот. Тој имал мала циста на тестисите за која докторот кажал дека ја има подолго време. Докторот одлучил да му направи и дополнителни прегледи.
Произлегло дека цистата не е опасна, но дека мажот е стерилен. Тој 35 години бил во среќен брак со својата сопруга која му родила девет деца. Весникот Al-Massae пишува дека човекот направил и дополнителни тестови кои покажале дека поради цистата тој неможел да има деца во претходните 50 години.
После тоа го повикал адвокатот, побарал развод и одлучил да се одрече од децата. Доколку се докаже измамата неговата жена ја чека затвор.