Еве како да приготвите универзалниот мелем од кокосово масло и алое вера, кој успешно лекува голем број дерматолошки проблеми, како што се акни, брчки, лузни, дамки од сонце…
1/3 чаша гел од алое вера
1/2 чаша органско кокосово масло
1-2 капки етерично масло по ваш избор (лаванда, ванила, роза или друго)
Начин на подготовка: кокосовото масло се топи на водена пара. Во него го додавате гелот од алое вера и саканото етерично масло. Промешајте ги добро состојките и истурете ја смесата во сад со херметичко затворање. Оставете ја да се излади целосно, потоа затворете го. Чувајте ја на суво и ладно место.
Начин на употреба: нанесете го мелемот на претходно исчистена кожа. Пожелно е тоа да се прави непосредно по бањање. Повторувајте ја постапката редовно и по кратко време ќе забележите еден позитивен резултат.