Ова видео едноставно мора да го видите, гарантирано ќе ве насмее.
Едно девојче станало вистински хит на интернет кога ги “измамило” нејзините родители… два пати.
Иако многу мало, девојчето управувало со паметниот телефон. Очигледно дека работење на него и било забрането за време на спиење, па така кога слушнала дека некој се приближува до собата, таа на брзина го ставила телефонот под прекривката, го изгаснала светлото и се вратила во кревет, преправајќи се дека е во длабок сон.
Таткото се посомневал во оваа идеална сцена, па откако ја покрил застанал покрај врата да провери дали девојчето навистина спие.
Бидејќи мислела дека си отишол, девојчето станало за да го запали светлото за да може да продолжи со својата занимација. Кога го видела татко си како се крие покрај врата веднаш нашла решение. Таа почнала да месечари.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=XmrI2vb5L-k