И го вратил паричникот и напишал писмо: Кога го прочитала, останала без текст!

popara1 јуни, 20181min00
9

Тејлор Слоан го изгубила паричникот во кој имало малку пари, нејзината лична карта и банкарски картички. Пријатно се изненадила кога десетгодишник и го вратил паричникот кој случајно го пронашол. Освен што постапил исправно, и испратил и писмо.

Момчето, Насим Лоренс, напишало: „Драга госпоѓо Слоан, знам како е да изгубите нешто. Затоа се погрижив да го добиете паричникот назад. Се надевам дека ве развеселив. Драго ми е што го пронајдов јас, а не некоја лоша личност која би го украла. Ми изгледате како многу драга личност која прави добри работи за другите луѓе, па и самиот одлучив да направам нешто убаво за вас. Плус, постапувам исправно“.

Искреното писмо на момчето ја допрело сопственичката на паричникот. „Направи добро дело. Тоа покажува дека доаѓа од добро семејство“, рекла Тејлор за новинарите.

Насим, така, станал славен. Веста за неговиот гест дошла и до школските колеги, па му честитал дури и директорот на училиштето во кое учи момчето. Тејлор разговарала со неговата мајка и одлучила да му испрати парична награда и вреќичка бонбони.

– И јас му напишав писмо. Се надевам дека ќе станеме пријатели и дека ќе продолжиме да се допишуваме, рекла 22-годишната Тејлор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag