Овој модел на Ferrari од 1963 година стана најскапиот автомобил во историјата

popara11 јуни, 20181min00
4

Класичниот тркачки Ferrari 250 GTO е продаден за рекордна сума од 70 милиони долари.

Веќе навикнавме на тоа класичните и воедно ретки модели на Ferrari да се продаваат на аукциите по вртоглави цени, но Ferrari 250 GTO од 1963 година ги надмина сите останати.

Овој автомобил со богата историја и припаѓа на таканаречената Серија 1. Своето натпреварувачко деби го имаше на познатата трка „24 часа Ле Ман“, во 1963 година и заврши на четвртото место.

Потоа, во 1964 година победи на трката Tour de France (не онаа за велосипеди). Оваа трка имаше статус за едно од три или четири најважни GTO натпреварувања на светот.

Во сезоните 1964 и 1965 автомобилот настапи на 14 трки, вклучувајќи ја и Grand Prix трката во Ангола.

Во авто-мото натпреварувањата учествуваше и во периодот од 1966-1969 година, потоа не се појавува никаде се до доцните осумдесетти години, кога со нов сопственик настапува на бројни трки со класични спортски и тркачки автомобили.

Кон крајот на 1990-тите години тој уште еднаш е продаден, а сопственикот повторно го менува во 2000 година и тоа за 6,5 милиони долари.

Како што дознава порталот „Drive“, најновиот сопственик на ова Ferrari 250 GTO е директорот на компанијата „WeatherTech“, Дејвид Мекнил, кој поседува колекција на класични автомобили со марка Ferrari, и кој за својот најнов миленик плати дури 70 милиони долари.

Иако оваа сума изгледа неверојатно, аналитичар на компанијата Ferrari, Марсел Масини, тврди дека во наредните години Ferrari 250 GTO од 1963 година ќе достигне вредност поголема од 100 милиони долари.

Ferrari 250 GTO важи за еден од најценетите автомобили од историјата на овој произведувач. Една од причините за тоа е што станува збор за многу редок автомобил – направени се само 33 примероци од Серија 1 (Со каросерија од 1962-63 година).

Автомобилот се движи со помош на V12 Агрегат кој располага со околу 300 коњски сили.

Инаку, Ferrari 250 GTO беше многу скап и кога се продаваше како нов, па така во САД се продаваше за сума од 18.000 долари, што пред 55 години беше навистина огромна цена за еден автомобил, па дури и тоа да е Ferrari.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag