Во текот на годината тој бил на неколку операции, но обидите за реконструкција на левата страна од неговото лице не поминале успешно.
Локланиот рибар од Бангалдеш кој пред 23 години го нападнал тигар, наскоро треба да оди на операција која би му го променила животот после 23 години криење на своето лице позади маска.
Хашмот Али (45) спиел на својот брод кога го напднал тигарот и доживотно го осакатил. Повеќе од 20 години тој го криел своето лице бидејќи не сакалт да го осудуваат. Неодамна го покажал своето лице и зборел пред камерите.
Пред таткото на три дечиња сега е операција во главниот град на Бангладеш, која очајнички му е потребна.
– Морам да го поправам деформираното лице. Сакам да живеам гордо, не сакам повеќе да се кријам. Доволно долго се криев, сега сакам да живеам и да бидам среќен со моите деца, рекол Али.
– Сонувам за тоа да се дружам со луѓето со леснотија и притоа да се чуствувам пријатно. Уморен сум од криење, заклучил тој.