
Градските власти во Пекинг објавиле дека корисниците на блогови мора да бидат регистрирани под нивните вистински имиња и ќе треба да чекаат три месеци за да им се одобри барањето.
На корисниците не им е дозволено да се регистрираат лажно, според правилата на регострација кои ги пренесуваат државните медиуми.
Компаниите кои користат блогови исто такатреба да се регистрираат со вистински информации. Корисниците имаат три месеци да се регистрираат по овие правила.