„30 day Shred” е програма за вежбање на познатата фитнес инструкторка и судија во популарното шоу “The Biggest Loser”, Џилиен Мајклс, со помош на која можете буквално да го извајате своето тело.
Оваа програма предвидува вежби кои треба да се прават секој ден по 20 минути (тренингот главно трае по 30 минути). Станува збор за интензивни вежби после кои буквално нема да можете да мрднете, ќе ве боли секој дел од телото и ќе мислите дека не можете повеќе!
Значи, треба да се наоружате со силна волја и мотивација, да одделите 20-30 минути за вежбање секој ден и да си набавите неколку тегови (како замена можете да наполните неколку шишиња со вода или песок).
Програмата се покажала како многу ефикасна и има многу следбеници насекаде низ светот. За да ги постигнете предвидените резултати треба правилно и точно да ги правите вежбите. Ако напоредно со вежбањето исто така и внимавате на исхраната и се ориентирате кон здрава и нискокалорична храна, за само еден месец ќе бидете видливо послаби и позгодни, и ќе имате повеќе енергија.