Затворениците низ московските затвори од сега ќе можат да купуваат чоколади и цигари преку новата интернет продавница. Услугата вклучува и достава на купените производи до нивните келии, изјавил управителот на градскиот затвор Виктор Дежуров.
Прехрамбените производи, меѓу кои овошја, неколку врсти на сирења, интернет продавницата ќе нуди и примероци од Библијата, Коранот и рускиот казнен законик. Од продавницата ќе може да се купат и 21 вид на цигари, но алкохолот сепак не е на листата. Во првиот месец од работата, онлајн продавницата забележила просечно 180 дневни нарачки.