Крис Џенер (59) веќе влегува во шестата деценија, но очигледно нема проблеми со искажување на љубов кон својот нов избраник 35-годишниот Кори Гембл.
Инаку, Крис неодамна изјави дека го има “најдобриот секс во животот” со своето ново момче и дека купила многу нов долен веш.
Нејзината пријателка на странските медиуми им порача:
– Крис на своите пријателки им кажала дека со никој до сега немала подобар секс. Тие буквално не се делат, како тинејџери се. Децата постојано и велат да “изнајми соба”- тврди нејзина блиска пријателка која сака да остане анонимна.
Крис дури купи и стан во Њујорк, за да мозат таа и Кори да се забавуваат, а никој да не им пречи.
Да потсетиме, бившиот сопруг на Крис Џенер, Брус го смени полот и стана жена, Кејтлин.