Ешли Кол повторно се зближил со својата поранешна сопруга Шерил, па решил да и приреди роденденска прослава. Поточно, Шерил на 30 јуни ќе наполни 28 години, а Ешли планира голема забава. И покрај фактот дека тиа се разведоа минатата година, “Кол не се плаши да го организира роденденот. Има план како да ја врати и целата поготовка оди во добар правец”, изјавуваат британските медиуми.
Сепак, најблиските луѓе од животот на Кол не се среќни што таа размислува за враќање на поранешниот сопруг. Нејзината мајка Џоан била многу бесна, а на тоа се надоврзува и менацерот на пејачката. “Таа е заслепена од својата иднина со Ешли. Нејзината мајка и кажала дека нема повеќе што да направи, а менаџерот бара да му се објасни што се случува. Шерил е изгубена и се чувствува осамено”, вели близок извор на пејачката.