Овие телевизори не патат од најчестите проблемите на модерните, тенките и рамните панели.
Технолошките спецификации за телевизиските екрани стануваат сè покомплицирани со појавување на технологии како што се High Dynamic Range (HDR), а ризикот од несакани “burn-in” проблеми е од особена важност за купувачите, кои го бараат највисокиот квалитет на сликата. Со цел да се открие дали се LCD екраните во согласност со барањата и саканите карактеристики, телевизиските експерти од германскиот видео и технолошки лабораторија Connect Testlab спроведоа тестирање базирано на меѓународна норми за мерење, чија фокус беше на квалитетот на HDR содржините на QLED телевизорот, познато како Information Display Мерења.
Моделите на QLED телевизори немаат несакани визуелни ефекти, заклучок е на признаениот германски Видео технолошки магазин. Во соработка со Connect Testlab, глобална технолошка лабораторија, потврдено е дека целата серија на QLED телевизори (2018) e без “burn in ” (замрзнување на слика), односно без појава на дупла слики и “afterglow” проблеми.
QLED: Што е, што донесува, колку изнесува …
Samsung телевизорите поминаа тестирање и добија сертификат, кој докажува дека немаат несакани визуелни ефекти, како што се “burn-in” и “afterglow” проблеми. Во текот на тестирањето, кое траеше 72 часа, специјалистите спроведоа различни мерења на телевизорите за да ги проверат, меѓу другото, и “burn in” ефектите кои можат да предизвикаат статични елементи на сликата. Овие ефекти се познати уште под името “мемориски ефект”, “двојна слика”, односно “трајно задржување на сликата”, “спален екран” или “загревање”, што влијае на квалитетот на сликата.
Кај одредени екрани, несаканата појава се јавува веќе по неколкуминутно користење на телевизорот, ако на екран се пприкажуваат статични елементи со висок сјај ,и затоа телевизорите во текот на овој тест на подолго време прикажуваа изразено црни и светло бели полиња.
Експертите кои ги спроведоа тестирањата, додадоа на проверената слика вариабилни елементи на текстот и бела рамка која трепери, за да автоматски ги откријат пречките, кои се вообичаени за модерните HDR телевизори. На тој начин создадени се услови слични на оние со HDR квалитет видео-игри. Освен стандардната анализа, специјалистите ги користеа и темно сивите слики во вредности од 10 кандели по квадратен метар (cd / m2) – што покажува дали темните пиксели се освежиле. Спроведените тестирања покажаа дека QLED телевизорите не потклекнаа на овие строги тестови. Така да телевизорите теоретски би можеле да останат постојано вклучени без слични елементи, како што се мрежни логотипови кои оставаат “burn in” или “afterglow”ефект.”Секој кој е особено чувствителен на таканареченото појавување на двојни слики и сака долгогодишна сигурност, ќе биде сигурен со LCD или QLED екран”, сметаат експертите кои го спровеле тестирањето.