По три официјални тестови кои беа одржани на вештачкиот аеродром во Вршац, како и бројни дополнителни тестови, жирито на Асоцијацијата на Новинари за Автомобилизмот во Србија ги направи финалните евалуации на номинираните автомобили.Најдобриот автомобил во Србија за 2018 година беше одбран од 13 специјализирани автомобилски новинари, кои оценија 15 најважни карактеристики на сите автомобили. Најдобрите автомобили во Србија се избрани во четири категории, а резултатите се следните:
Во категоријата до 15.000 евра, трето место со 114 поени го освои Opel Crossland X.
Второ место Dacia Duster sa 124 boda. Додека автомобилот на годината Volkswagen Polo беше изгласан со 133 гласови.
Во категоријата над 15.000 евра на трето место се пласираше Nissan X-Trail со 120 поени, на второ место е Opel Insignia со 133 поени. Убедливо победи и титулата Автомобил на годината ја доби Mercedes Benz S-класа со 155 поени.
Во категоријата SUV / Crossover трето место со 113 поени го освоија Nissan X-Trail, второто место го освои Alfa Romeo Stelvio со 118 поени, додека во категоријата на популарни теренци титулата автомобил на годината ја понесе Vovo XC60 со 134 поени.
Во четвртата Best Buy класа третото место го освои Форд Фиеста со 117 поени, второто Dacia Duster со 131 поен, додека победник во оваа класа е Opel Crossland X со 146 поени.