Откако минатиот викенд во Белград се случи еден од најкатастрофалните концерти во историјата на музиката, за кого беше виновна самата пејачка Ејми Вајнхаус, таа се повлече, ги откажа сите идни концерти и замина по којзнае кој пат на рехабилитација.
Пејачката која е долго време позната по деструктивното однесување, злоупотребата на дрога и алкохол, повторно не успеа да се покаже во најдобро светло, иако поседува неверојатен талент, а претставува одличен вокал.
Не требаше да помине многу време, па така, британците веќе смислија да направат документарец за Ејми, кој ќе го снима ITV, а некои од кадрите да бидат снимени во центарот за рехабилитација каде веќе замина пејачката веднаш по концертот во Белград.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ttJg8901qAU