Судејќи според температурите, летото пристигна и сеуште не сте ја добиле саканата фигура. Фитнес-инструкторите посочуваат дека сите напори во салата се залудни, ако не ги следиме следните правила.
- За да добиете извајани мускули, храната е многу важна. Барем еден час пред вежбањето, треба да јадете нешто, бидејќи тоа ќе му ја даде на телото потребната енергија. Бананите и јаболката се одлични, а може да испиете и шејк, пишува Klix.ba.
- Хидратацијата е од клучно значење, бидејќи нема ништо поопасно од трчање на празен стомак или со недостаток на вода во телото. Пијте најмалку еден литар вода еден час пред да вежбате.
- Планирајте ги вежбите затоа што е важно да знаете што ќе правите и колку време ќе потрошите, но исто така издвојте време за одмор. Кога имате план, полесно ќе се фокусирате на вежбање.
- Загревањето пред тренингот е неопходно. Едноставни аеробик и динамични вежби го загреваат телото, така што можете да правите склекови, клекнувања и слично да го подготвите телото за повеќе напор.
- Музиката, исто така, може да биде важна и да ве мотивира да направите добар тренинг. Монотоната музика од салата го нема овој ефект, па можете да состави список на песни што ви одговара.