Некој конечно да ја оддува “Тесла” на 1/4 километар!

popara14 август, 20181min00
ko

“Мекларен” е сепак нешто посебно!

Од своето лансирање минатата година, “Tesla Model S P100D” е автомобил , кој е невозможно да се победи на трката со забрзување, поради своите нереални стартни карактеристики.

И покрај масата од 2,2 тони, потребно е само 0,7 км / ч од 0-100 км / ч, под услов да се движи од мирување. Во случај на движење со т.н. “rolling start” (околу 5 km / h), оваа “Тесла” ќе пристигне до “сто” за неверојатни 2,28 секунди! Според Motor Trend, ова е најбрзо време, иако некои извори тврдат дека оваа титула сеуште ја има Porsche 918 Spider со 2,2 секунди.

Но, има цар и над царот. И тоа каков …

Се вика “Mclaren 720S” и спаѓа во категоријата на Мекларен супер серијата. Благодарение на V8 четворолитарскиот турбо бензински мотор, кој развива 720 коњски сили со вртежен момент од 770 Nm, на него до “сто” (од позиција на мирување) му требаат 2,9 секунди.

“Мекларен 720С” е најубавиот суперкар во 2017 година.

“Тесла” од своите два електрични мотори вади вкупно 761 КС со вртежен момент од помалку од илјада њутн-метри – 989 Nm. Да, овој модел е околу 800 килограми потежок од “Мекларен 720С”.

Погледнете како изгледаше трката на  “четвртина километар” (402 метри) помеѓу овие два модели.

Значи, во почетокот “Тесла” ја постигна очекуваната предност благодарение на поголемиот вртежен момент, но потоа спортските карактеристики дојдоа до израз и “McLaren 720S” победи за скоро половина секунда (време: 10,5 s).

Интересно е тоа што “Тесла” беше во максималниот “Ludicrous” (луд) начин на возење што е спротивно на “Мекларен”, кој беше во “Comfort” мод. Претпоставуваме дека победата би била уште поубедлива доколку и британската машина беше во некој друг мод.

Сепак, важно е дека”Tesla Model S P100D” е отстранет од тронот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag