Самсунг службено го претстави Exynos 5100 – првиот 5G модем компатибилен на 3GPP стандардот, што значи дека ќе може да биде користен во мобилните уреди на следната генерација.
Exynos 5100 е изработен во процесот на 10 nm, а ги поддржува и сите претходни стандарди од 2G (GSM/CDMA) преку 3G UMTS и HSDPA до 4G LTE.
Според велењата на Самсунговите инжењери, Exynos 5100 ги поддржува брзините од 2 Gbps во мрежте кои работат на фреквенции помали од 6 GHz, додека во 4G LTE стандардот по 1,6 Gbps.
Најинтересниот дел од оваа приказна е што овој 5G модем ќе им биде достапен на производителите на хардвери до крајот на оваа година, а тоа значи дека веќе во првата половина од наредната година ќе ги запознаеме првите конкретни 5G уреди.