Што да не облекувате на работното место ова лето

popara23 јуни, 20111min00
marine-blue-short-pants

Секое лето носи и дилема што е прикладно за носење во канцеларија, а што не. Многу компании имаат строги правила за тоа што е дозволено, но ако сами треба да одлучите, еве неколку насоки:

–        Оваа година шорцевите не се толку неприкладни како во изминатите години и затоа многу компании ги извадија од листата на забранета летна облека. Сепак, не носете кратки шорцеви, повеќе нека бидат кратки панталони во должина на бермуди.

–        Не облекувајте мини здолништа и фустани за во канцеларија. Ниедно парче облека кое го носите не треба да е пократко од 10 цм над колената. Кратко здолниште можете да облечете во зима, кога носите хеланки или подебели хулахопки, но не и во лето на голи нозе.

–        Апостолки. Апостолките не се прикладни за канцеларија. Тие изгледаат многу непрофесионално и премногу опуштено.

–        Блузи со тенки прерамки – не носете ги никогаш како самостоен дел од облеката. Тие се дозволени во комбинација под сако или џемпер.

–        Истото се однесува и за блузи без прерамки. И тие не се прикладна облека за канцеларија.

–        Тренерките не се за во канцеларија ниту во зима ниту во лето.

–        Хеланките, како самостојно парче облека не се препорачуваат. Врз нив секогаш треба да носите нешто друго.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag