Фудбалерите на Сантос се нови клупски шампиони на Јужна Америка. Тие во реванш мечот од финалето во Сао Паоло го победија уругвајски Пењарол со 2:1, а со оглед на тоа дека првиот меч заврши без голови, по 48 години го вратија најпрестижниот трофеј во своте витрини.
Бразилската екипа со погодоците на Нејмар во 47. и Данило во 69. минута обезбеди триумф, а утешниот гол за Пењарол беше автогол во 80. минута. По завршување на мечот избила опта физичка пресметка на теренот. Од Пењарол тврдат дека инцидентот започна поради неодговорниот дел од публиката.
“Еден навивач на Сантос влета во теренот и почна да не провоцира. Мора да научат како се прославува на вистински начин, ние од наша страна достоинствено го прифативме поразот.” – порачал напаѓачот на Пењарол, Алехандро Мартинучио.
И полицијата морала да ги смирува страстите, иако никој не бил повреден и покрај тоа што удари не се штеделе. Дури откако биле смирени страстите, поделени се трофеите и пехарите за двете екипи.