Жолтата боја е дефинитивно кралица на есента, а нејзините топли тонови можат секој outfit да го освежат за момент.
Ако сакате максимално да уживате во есенската модна игра обоена во жолта боја, побарајте инспирација во есенската колекција на Replay. Без разлика дали станува збор за топла боја или некоја од нејзините загасити нијанси, жолтите парчиња веднаш ќе го подигнат нивото на секој изглед. Ултимативните жолти фустани прошарани со земјени тонови, шалови и наметки, топли јакни, предимензионирани палта збогатени со примерок од тренди ташни со реси, се само некои од парчињата на Replay, кои и даваат нова, урбана димензија на жолтата боја.