Сагата околу водителот на Оскар може конечно да заврши, бидејќи откако Кевин Харт се откажа од водењето на престижните награди, организаторите по „корпата“ на Еди Марфи сега силно го сакаат баш него.
„Никој кој ќе прифати да ја води церемонијата на Оскарите, не добива многу и на крајот таа личност не поминува добро. Но, не можам да кажам со сигурност дека ќе ја одбијам оваа улога “, открива музичарот Џон Легенд за американските новинари, и остави впечаток дека мистеријата околу доделувањето на најпрестижните награди во светот конечно би можела да се разреши.
Имено, организаторите наидоа на огромни проблеми, бидејќи откако одлучија дека водител на Оскарите ќе биде комичарот Кевин Харт, тој мораше да се откаже поради хомофобични изјави во младоста, а потоа следниот кандидат, актерот Еди Марфи ги одби.
Навистина би сакале да видиме како Џон ја презема улогата на водител на Оскарите и не се сомневаме дека на улогата ќе и даде голем дел од својот шарм и радост. И со сигурност во некој скеч би се појавила и неговата атрактивна сопруга Криси Тејген!