Оливиа Мун носи пижами и штикли, но изгледа неверојатно добро
Филмската ѕвезда уште еднаш го покажа талентот за модни иновации.
На вечера во Холивуд таа се појави во жолт комбинезон кој со секој свој атом посакува да биде пижама. За да ја направи ситуацијата уште позаострена, прекрасната Оливија Мун го раскопча комбинезонот и го покажа чипкастото боди што го носеше под него.
Невообичаениот Fendi комбинезон, коj има елементи на машки пижами, на струкот е врзан со црн ремен, кој совршено се вклопи со црните Christian Louboutin чевли со стил.