Кристина Периќ е првата србинка која стана „Victoria’s Secret Angel“, а многумина и завидуваат на луксузниот живот и честите патувања.
Иако секогаш кога има прилика таа доаѓа во Србија за да ги види нејзините пријатели и семејство, Кристина уште пред неколку години замина во странство.
Причината поради која таа одлучи својата кариера да ја гради надвор од Србија е бидејќи таму дизајнерите за нејзиното лице плаќаат илјадници евра, додека во Србија често се случува, за одработената ревија, моделите наместо пари да добијат гардероба и обувки.
Во јуни оваа година, долгогодишното момче, менаџерот Дамир Ѓурѓевиќ, ја запроси Кристина, а веридбата се одржа во Италија.