Меган Маркл доби вртоглава понуда: И понудија 6 милиони долари за да се врати во серијата!

popara9 јануари, 20191min00
megan 2

Меган Маркл се прослави со улогата на Рејчел Зејн во серијата „Suits“, но по венчавката со принцот Хари, таа го напушти актерството. Според британските медиуми, Меган Маркл и по венчавката со принцот Хари е барана во актерскиот свет. Имено, продуцентите на „Suits“ се подготвени да платат 6 милиони долари на хуманитарна организација по нејзин избор доколку се врати пред камерите.

– Ние само сакаме да ја добиеме на две минути пред камерите. Приказната би го следела нејзиниот вистински живот, така што ќе ја одигра улогата на среќна бремена жена – изјави еден од членовите на продукцискиот тим за „Cosmopolitan“.

https://www.youtube.com/watch?v=WykSRbHfiQM

Продуцентите се подготвени да се прилагодат на распоредот на Меган, така што, како што тврдат, снимањето би било во Обединетото Кралство.

„Би траело половина ден или помалку од тоа“, рече еден член од снимателскиот тим. Иако станува збор за примамлива понуда која безсомнение подигна прашина, се шпекулира дека најголемата пречка би била согласноста на кралицата Елизабета.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=372&v=yadEEEzALvs

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag